Министерство за здравство информира дека Институтот за јавно здравје денес регистрира намален број на активни случаи – 2.950. После подолг период бројот на активни случаи е под 3.000.
„Последен пат под 3.000 активни случаи се регистрирани на 23 јуни оваа година. Поголемиот број на оздравени лица во споредба со новозаболените придонесува за намалување на бројот на активни случаи во континуитет во последниот период.
Истовремено, денес се регистрира и рекорден број на направени тестови на дневно ниво – 2.172, со што вкупната бројка на тестови во нашата земја достигна 123.122,“ се вели во соопштението.
Министерството за здравство информира дека со зголемување на капациетети за дијагностика и зголемувањето на бројот на тестови, со пристапот на широко тестирање, целта е рано откривање и следење на што е можно поголем број на случаи, вклучувајќи ги и асимптоматските носители на Ковид-19.
Од таму додаваат дека мерките за заштита од Ковид-19 даваат резултати секаде каде што се почитуваат. Граѓаните се повеќе се придржуваат до препораките на здравствените власти за спречување на ширење на корона вирусот, а пристапот на широко тестирање дава резултати во откривањето на асимптоматските случаи.
„Уште еднаш апелираме до граѓаните, без исклучок да продолжат да се придржуваат до трите правила – носење заштитна маска, одржување на физичка дистанца и често миење на рацете. Само заеднички можеме да се избориме со Ковид-19. Да бидеме одговорни за нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски,“ се додава во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови 160 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Тетово
Починаа тројца пациенти од Ковид-19
Убава вест: 368 оздравени пациенти од Ковид-19, најмногу од Скопје