еМагазин
Image default
Македонија

Во Дебар рекордни 60 оздравени, а само еден новозаразен со Ковид-19

Во последното деноноќие во Дебар забележана е рекордна бројка од 60 оздравени и само еден случај на новозаразено лице.

Со денеска потврдениот еден случај, вкупната бројка на заразени изнесува 224, од нив битката со опасниот вирус ја добиле 151, ја загубиле осум, додека активни на болеста се 65 лица.

Момементно во Инфективната клиника и во болницата „Осми септември“ во Скопје има осум пациенти од Дебар.

– Во нашата болница и понатаму доаѓаат лица со симптоми на Ковид-19, на кои им се зема брис и се чека дијагнозата. Имаме пациенти кои ги лекуваме амбулантски, но поголемиот број од активните се со лесна форма на болеста, па се лекуваат во домашни услови.

Потешките случаи ги транспортираме во здравствените установи во Скопје, изјави за МИА, Баки Халили, директор на Општата болница во Дебар.

Во оваа здравствена установа нема инфективно одделение, а функционира амбуланта. Поради актуелната епидемиолошка состојба приспособенин се три простории, каде се третираат лицата сомнителни или заболени од коронавирусот.

Доктор Халили упатува апел за строго почитување на препораките за заштита, затоа што „невидливиот непријател е се уште меѓу нас“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четири нови случаи на Ковид-19 во Малешевијата

Нови 160 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Тетово

МИА/Фото: Општина Дебар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа 39 лица од Ковид-19, вкупно до сега 4.595

Редакција

Засега нема двотретинско мнозинство за законот кој ја одредува иднината на СЈО

Редакција

Учениците денеска се враќаат во училиштата, почнува второто полугодие

Редакција