еМагазин
Image default
Македонија

Четири нови случаи на Ковид-19 во Малешевијата

Пехчево денеска повторно се најде на листата каде има нови случаи на Ковид-19. Здравствените надлежни соопштија дека регистрирани се двајца нови пациенти кај кои е утврдено присуство на коронавирусот.

„За жал иако неколку недели по ред имавме мирна епидемиолошка слика во градот кога е во прашање коронавирусот, денеска имаме два нови случаи на пациентите чии тестови покажаа позитивни резултати.

Сепак нема место за паника, бидејќи генерално сме меѓу општините каде од почетокот на пандемијата имаме релативно мал број на случаи. Ова значи дека доколку сакаме да ја задржиме таквата слика во градот, треба и понатаму да работиме на почитување на мерките за заштита и спречување на ширење на вирусот,“ истакнаа надлежните.

Втор ден по ред нови случаи на коронавирусот има и во општина Берово. Тамошните надлежни информираа дека денеска се регистрирани двајца заболени и еден оздравен пациент.

– За жал имаме мало зголемување на бројот на позитивни пациенти во нашата општина. Заклучно со вчерашниот ден имавме седум позитивни пациенти на кој се придодадоа и денешните два нови случаи, како и еден оздравен пациент со што вкупниот биланс е осум активни случаи на коронавирусот.

За да ја спречиме бројката на пораст на случаите, апелираме и понатаму на почитување на мерките за заштита од Ковид-19, истакнаа од Здравствен дом Берово.

Во општините од опкружувањето, во текот на денешниот ден претходно од Здравствен дом „Гоце Делчев“, соопштија дека во Делчево заклучно со денешниот ден има два активни случаи на корона вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 160 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Тетово

Починаа тројца пациенти од Ковид-19

МИА/Фото: Општина Берово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 34 случаи на Ковид-19, оздравени 47, починати две лица

Редакција

Нови 15 случаи на Ковид-19 од 2.802 тестирања, бројката на активни изнесува 421

Редакција

Отказ за вработениот во Централен регистар, кој им се закануваше на новинарките Јордановска и Коровешовска

Редакција