еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Бројот на работници во индустријата во февруари помал за 2,3%

Бројот на работниците во индустријата во февруари годинава, во однос на истиот месец лани е намален за 2,3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во секторот Рударство и вадење на камен, е забележан пад од 3,8%, во секторот Преработувачка индустрија од 2,3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,6%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2022 година, во однос на февруари 2021 година, бележи опаѓање кај Енергија за 5,4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,9%, додека пораст има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,6%, Капитални производи за 4,5% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5%.

Во периодот јануари – февруари годинава, пак, бројот на работниците во индустријата се намалил за 2,4 отсто, покажуваат податоците на ДЗС.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трошоците на живот лани зголемени за 1,5, а цените на мало за 2,7%

Редакција

Пензионерите протестираа пред Владата за повисоки пензии

Редакција

Од денеска кризна состојба во енергетиката и мерки за штедење струја

Редакција