еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Бројот на разводи лани зголемен за 25,2%

Во 2021 година се случиле 1.964 разводи, што претставува зголемување од 25.2% во споредба со 2020 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во текот на годината, најмалку бракови, 70 или 3.6%, се разведени во месец август, а најмногу, 202 или 10.3%, во месец декември.

Според возраста, најголем број разводи се случиле во старосната група од 35 до 39 години, и тоа 364 или 18.5% кај жените и 365 или 18.6% кај мажите.

Според траењето на бракот, најмногу разводи, 451 или 23%, се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До понеделник пообилни врнежи од дожд и снег на планините

Редакција

Ковид-19 пандемијата предизвика лани да имаме рекорден број на починати, најмногу од 1995 година па наваму

Редакција

Февруари за 2,5 степени потопол од просекот, максимално измерената 21,6 степени

Редакција