Бројот на срцеви удари е зголемен за трипати по ковид-пандемијата, вели за телевизијата 24, началникот на Одделението за кардиологија во Клиничка болница Штип, доктор Сашко Николов, според кој значително е зголемена бројката на интервенции.
Ако претходно имале по 20 пациенти со инфаркти месечно, сега има над 35 интервенции.
Според него загрижува фактот дека бројот на инфаркти е значително зголемен кај средната и младата популација.
Тој апелира на превенција, редовно да се оди на контроли, а по 45-тата година задолжително да се прават тестирањата, кои ги препорачуваат кардиолозите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во август во Македонија 112 случаи на Ковид-19 и едно починато лице
По „ерис“ регистрирана нова варијанта на Ковид-19, „пирол“, со голем број мутации
Фото: Фејсбук/Николов