еМагазин
Image default
Бизнис

Бројот на туристи во април зголемен за 24,3%

Во земјава во април годинава се евидентирани 69.934 туристи, од кои 25,8 % се домашни туристи, а 74,2 % се странски, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во април 2023 година изнесува 130.702, од кои 28,4 % се од домашните туристи, а 71,6 % од странските.

Во периодот јануари – април годинава, во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 24,3 %. Кај домашните туристи има намалување за 3,6 %, а кај странските зголемување за 46,1 %.

Кај ноќевањата, пак, има вкупно зголемување за 13,6 %. Кај домашните туристи е регистрирано намалување за 4,8 %, а кај странските раст од 29 %.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ММФ ѝ одобри на Македонија помош од 176 милиони евра за справување со последиците од корона вирусот

Редакција

Акциите на Комерцијална, Алкалоид и Макпетрол „убедливо“ најтргувани на Македонската берза

Редакција

„Фершпед“ се подготвува за стекнување удели во други компании

Редакција