При уривање на надвозник во близина на Џенова денеска настрадаа најмалку 22 лица, а бројот на жртви ќе продолжи да расте, изјави денеска италијанскиот заменик- министер за сообраќај Едоардо Рикси.
– Неприфатливо е толку важен мост да не биде изграден на начин за да се избегне ваков вид на колапс, изјави Рикси.
Тој објасни дека се урнал централниот дел на надвозникот и дека најмалку 20 возила паднале од мостот.
Официјалните лица наведуваат дека има десетици мртви, меѓу кои е и едно дете, а се трага по преживеаните. Италјанскиот премиер Џузепе Конте во текот на денот ќе пристигне во Џенова, најавија од неговиот кабинет. Премиерот во Џенова ќе остане и утре.
Надвозникот Моранди, дел од автопатот А10, се урна денеска откако го погоди гром, тврдат сведоци.
Според италијански медиуми се урнал надвозник од 200 метри на магистралата А-10 што води кон Франција и популарни места за одмор во други региони во Италија.
Бетонскиот мост Моранди е отворен во 1967, висок е 90 метри и долг малку повеќе од еден километар. Најдолгото растојание меѓу два столба е 200 метри. Целиот мост бил обновен во 2016 година.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ