еМагазин
Image default
Бизнис

Бруто надворешниот долг на Македонија се зголеми на 8,3 милијарди евра

На крајот на вториот квартал од 2019 година бруто надворешниот долг на земјава изнесува 8.324.000.000 евра и забележа квартално зголемување од 74 милиони евра, информираат од Народната банка.

Бруто надворешните побарувања забележаа раст од 54 милиони евра и изнесуваат 5.652 милионa евра.

„Поголемото квартално зголемување на обврските во однос на побарувањата доведе до зголемување на нето надворешниот долг за 21 милион евра, со што на крајот на јуни 2019 година тој изнесува 2.672 милиона евра.

Притоа, зголемувањето на нето надворешниот долг во вториот квартал произлегува од зголемувањето на приватниот нето-долг за 77 милиони евра, во услови на намалување на јавниот нето-долг за 57 милиони евра“, пишува во информацијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вина од Македонија: Притисокот врз винарниците за поголеми откупни цени за грозјето е непродуктивен и води кон нивно пропаѓање

Редакција

Стефан Богоев ја презеде директорската функција во Царинската управа

Редакција

МВР вработува 39 лица

Редакција