еМагазин
Image default
Бизнис

Народната банка регистрира пад на каматите на кредитите и депозитите

Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во август, и натаму се намалува сведувајќи се на нивото од 5,13%, што претставува месечен и годишен пад од 0,02 процетни поени и 0,36 процетни поени, соодветно, соопшти Народната банка.

Оттаму додаваат дека просечната каматна стапка на вкупните депозити се задржа на нивото од 1,38% од претходниот месец, додека на годишно ниво забележа пад од 0,04 процетни поени.

„Во август, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити оствари месечно намалување од 0,07 процетни поени и изнесува 4,61%, додека споредено на годишна основа, кај оваа каматна стапка е остварено намалување од 0,24 процетни поени.

Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 1,10% и на месечна и годишна основа се намали за 0,17 процетни поени и 0,44 процетни поени, соодветно“, соопшти Народната банка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради блокирана пруга патничкиот воз од Скопје до Битола вчера патувал 10 часа

Редакција

Горивата поскапуваат од еден до 1,5 денар

Редакција

Годишен раст од 5% на вкупните депозити и од 9,6% на вкупната кредитна поддршка во ноември

Редакција