еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Брзи антигенски наместо ПЦР-тестови за Ковид-19 при дијагностички процедури, препорачува Комисијата за заразни болести

Стабилна е состојбата со Ковид-19 во земјава, има намалување на дневната инциденца и сметаме дека нема потреба од дополнителни интервенции коишто би требало да направат одредени измени во начинот на кој се контролира трансмисијата на вирусот, изјави д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести (КЗБ) по денешниот состанок.

Комисијата на состанокот денеска одлучила да препорача при дијагностички процедури да се користат брзи антигенски тестови наместо ПЦР-тестовите кои сега се бараат, за пациентите да не се изложуваат на дополнителни трошоци. Брзите тестови се и поедноставни и според Министерството за здравство, како што рече д-р Мехмедовиќ, на секоја јавна здравствена установа ѝ се достапни на користење околу илјада антигенски тестови за детекција на коронавирусот.

-Залихи има, граѓаните не треба да ги купуваат, може да ги добијат во самата установа каде што се упатуваат на дијагностика или на дополнителна процедура.

Исто така, комисиите за интерхоспитални инфекции се задолжени да изготват соодветен протокол како да се користат антигенски тестови и дали таму каде што не е можно да се користат брзи антигенски треба да се користат ПЦР-тестови, рече Мехмедовиќ на прес-конференција.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Телма открива каде била закопана убиената Вања

Редакција

Мицкоски нека докаже пред Господ, пред Алах, пред државата дека имам некакво УСБ, вели Џафери

Редакција

Агенцијата „Спид“ го доби тендерот на општина Струга за привремени вработувања „тежок“ 65.000 евра

Редакција