еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Алек „Теранова“ ја откри шемата по која Груевски ги купувал имотите на Водно

Поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија, од унгарски број му се јавил на бизнисменот Александар Ивановски, познат како Алек Теранова, и барал стан во Центар за својата сопруга и децата, пренесува Дојче Веле.

„Во 2018 година, по неговото бегство, добив порака од унгарски телефонски број и Груевски ме прашуваше дали имам станови во Центар во Скопје за неговата сопруга.

Му кажав дека немам, дека имам станови само во Аеродром во градба, коишто ќе бидат готови во 2020 година“, сведечеше Ивановски на денешното судско рочиште за „Плацеви на Водно“.

Тој, како посредник, ја откри шемата како се купувале имотите и кој стои зад купопродажбата.

Груевски, според сведочењето на Ивановски, го барал и во октомври-ноември 2020 година, односно по отворањето на истрагата за „Плацеви на Водно“, по неговото сведочење во Обвинителство.

Инаку, Ивановски е потписник на полномошното за отворање на фирма на „Сирах инженеринг“, фирма ќерка на офшор компанијата од Кипар, којашто ги купи спорните плацови. Фирмата е купувач на две парцели од 11.000 квадратни метри на Водно, кои, според обвинението, екс премиерот Никола Груевски ги купил за себе со партиски пари.

Плацот имал повеќе сопственици, а ги застапувал Горан од Будва. Имотот бил стекнат со денационализација и се наоѓал во близина на шестата управа на МВР.

Ивановски рече дека на група луѓе, меѓу кои бил и поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, им спомнал дека земјиштето се продава.

Мијалков, според тврдењата на сведокот, никогаш не му кажал кој е тајниот пријател за кој бара услуги, но тој сам сфатил од бомбите дека становите што ги купиле се за Никола Груевски.

Посредникот сведочеше и за купувањето на уште еден плац на Водно преку фирмата „ИКТ инженеринг“, која била формирана за таа намена, а како основач била неговата секретарка Татјана Стојановска. Таа ги купила и двата стана околу домот на Груевски за да не бидат на негово име, туку на име на неговата секретарка.

„Требаше да гласи на друго име, а 40-те илјади евра за тој помал стан ги обезбеди Никола Груевски. На секретарката Татјана Стојановска ѝ кажав за кого е станот. Во 2018 година бев викнат од возач на Груевски. Ми даде документи за договор за закуп на становите што таа ги потпиша. Документите ги вративме потпишани од секретарката“, рече Ивановски.

Обвинетиот Сашо Мијалков во вкрстено испрашување бараше одговор од Ивановски дали има некаков материјален доказ за неговите тврдења, на што тој му рече: „Требало да сум ги снимал сите наши разговори за да имам докази, нели?“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За што се работи во предметот „Плацеви на Водно“ во кој се води истрага за Груевски, Мијалков и Камчев

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е „предавникот“ во ВМРО ДПМНЕ?

Редакција

Кабинетот на Пендаровски за изјавите на Џамбаски: Ставовите на претседателот беа дадени по Советот на безбедност, надлежностите сега се кај Владата

Редакција

Благица Ласовска нова претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција