еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За македонската Влада пораките од Бугарија не се пријателски

Владата денеска преку соопштение реагира на постапки и изјави од соседна Бугарија, кои, како што се посочува, не се доживуваат пријателски од македонските граѓани.

Од Владата додаваат дека имаат разбирање за внатрешната политичка предизборна состојба во Бугарија и комплицираниот изборен тек, но, сметаат дека тоа не е причина за политички пораки за кампањски потреби кои излегуваат од рамката на европските вредности и принципи за почитување на кој е изграден Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Решавањето на сите отворени прашања, нагласуваат во соопштението, е можно само низ дијалог за кој Северна Македонија е подготвена, но оти е време и Бугарија да ја покаже истата подготвеност.

-Со Договорот од 1 август 2017 година, Северна Македонија и Бугарија потпишаа дека ќе обесхрабруваат провокации кои не се во интерес на ниту една страна, дека нема да влегуваат во круг на навреди, обвинувања и говор на омраза, кои не носат ништо добро за никого, а најмалку за македонскиот и за бугарскиот народ, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Наместо тоа, се додава, Договорот обврзува да се одржува европски дијалог и да се почитува и применува целосно, вклучувајќи го и темелниот принцип за немешање во внатрешните работи на двете земји.

-Имаме разбирање за внатрешна политичка предизборна состојба во Бугарија и комплицираниот изборен тек, но, сметаме дека тоа не е причина за политички пораки за кампањски потреби кои излегуваат од рамката на европските вредности и принципи за почитување на кој е изграден Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Таквите тонови не се доживуваат како пријателски од страна на македонските граѓани. Немешањето во внатрешните работи е принципиелен став, а таков став очекуваме и од соседите, нагласуваат од Владата.

Постигнувањето договори и нашата посветеност на нивната имплементација, велат оттаму, меѓу другото, се потребни за помирување на народите и државите во нашиот регион за да живееме во траен мир, и да развиваме трајно пријателство, како што тоа го правиме со сите наши останати соседи.

-Остануваме посветени на дијалог со Софија и барање на взаемно прифатливо решение за прашањата што се отворија. Република Северна Македонија покажа максимална проактивност и политичка волја да се доразјаснат одредени дилеми и понудивме одговор на повеќе од покренатите прашања. Континуирано работиме на активна имплементација на договорот.

Решенијата не се во минатото, тие се во иднината, а иднината бара дијалог, не монолог за внатрешна употреба. Кога станува збор за земја членка на ЕУ и за земја со потврдено признание дека ги исполнила сите услови за почеток на преговори за членство, дијалогот е единствено решение за билатералните прашања и за изнаоѓање меѓусебно разбирање, се нагласува во соопштението од Владата.

Република Северна Македонија, додаваат од Владата, е подготвена за тој дијалог и време е Бугарија да ја покаже истата подготвеност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

А кога Радев ќе ги покани на средба преставниците на здруженијата на Македонците во Бугарија?

Нема преговори со Македонија, додека бугарското малцинство не влезе во Уставот, порачува Бојко Борисов

Бугарија стои цврсто зад македонските Бугари, вели Радев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 335 случаи на Ковид-19 од 3.543 тестирања

Редакција

24.000 вакцини „АстраЗенека“ ќе пристигнат во недела преку КОВАКС системот

Редакција

Биле користени и ПИ-мерки: За Боки 13 и Зоран Кичеец се водела предистражна постапка од 2 мај

Редакција