еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарија денеска ќе ни прати генератори за граничните премини, бугарскиот министер Демерџиев најавува нова средба со македонските власти

Бугарија денеска испраќа три генератори за електрична енергија на трите гранични премини со Македонија, изјави бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот министер Демерџиев ироничен: Ќе донираме три генератори да не паѓа системот на МВР

Трите генератроти Демерџиев ги најави во саботата за време на престојот во Скопје по повод одбележувањето 151 година од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, а по информациите дека бугарски граѓани не можат да ја поминат границата зашто е паднат системот за проверка на лични документи поради прекин во напојувањето со струја.

По минатотонеделниот состанок со наговиот македонски колега Оливер Спасовски, Демерџиев најави дека е можно до крајот на неделава да има нови средби со претставници на македонските власти, овој пат во Делчево, а не во Скопје.

Во изјава за новинарите во Софија, тој рече дека дијалогот со Македонија продолжува, нагласувајќи оти „насилството и провокациите треба да прекинат, бидејќи раѓаат ново насилство и провокации, и тој маѓепсан круг мора да се прекине“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Видео од инцидентот на Бугарите со полицајците на Деве Баир

(Видео) Бугарски пратеник се обиде да исценира инцидент на Деве Баир

– Сакам македонската страна да разбере дека патот до добрососедските односи и патот кон Европа е преку дела, а не со зборови. Кога тоа ќе се случи, односите меѓу двете земји ќе влезат во насока во која би сакале и која сме должни да ја обезбедиме, рече Демерџиев.

Тој посочи и дека не му бил даден ниту еден доказ дека на 4 февруари на граница имало луѓе кои имале радикално однесување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Пцуење на македонските полицајци и навреди за Македонија и Македонците: Бугарите стигнаа на Деве Баир

– Нормално е луѓето да реагираат кога ќе видат дека се обработуваат возилата кои влегуваа во Бугарија, но во другата насока не, рече Демерџиев. Според него, немало причина да се спречуваат луѓето кои сакале да дојдата во Скопје за да положат цвеќе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фотографии од демолираниот македонски клуб во Благоевград, ОМО Илинден Пирин бара истрага од бугарските власти

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потврден 41 нов случај: Вкупната бројка заразени од корона вирусот 1.367 лица

Редакција

Централниот одбор на ДУИ го овласти Али Ахмети сам да донесе одлуки по меѓупартиски преговори

Редакција

Бугарската агресивна позиција кон Македонија создава нација што ја мрази Бугарија, вели поранешниот бугарски претседател Стојанов

Редакција