еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Детали за несреќата во Штип: Едно од девојчињата е со скршена карлица, другото со набиеници и полесни повреди

Двете девојчиња на возраст од 15 и 16 години кои утринава беа прегазени на пешачки премин на булеварот „Гоце Делчев“ пред штипското регионално електро-машинско училиште СОУ „Коле Нехтенин“ се хоспитализирани во Клиничка болница-Штип и остануваат на лекување.

Едното од девојчињата е со скршена карлица, а 15 годишното девојче е со набиеници и полесни повреди.

Директорката на СОУ „Коле Нехтенин“- Штип, Јованка Шалева на денешната прес-конференција истакна дека ваква несреќа се случува вторпат и апелираше возачите да внимаваат и да ја намалат брзината, бидејќи на кружниот тек на булеварот „Гоце Делчев“ има сигнализација оти во близина е училиште и има пешачки премин.

Таа посочи дека пред пет години кога на лице место загина средношколец од училиштето беа поставени рампи, се изгради кружниот тек и се облежа нов пешачки премин.

-Меѓутоа очигледно е дека се уште свеста кај возачите не е на високо ниво, се вози многу бргу и еве се случи немил настан, имаме две ученички од коишто едната е потешко повредена.

Јас би апелирала до сите возачи да внимаваат, бидејќи овде поминуваат ученици. Апелираме и до родителите и до учениците и тие да внимаваат, за да немаме вакви слични настани во иднина, вели Шалева.

Забележа дека глетката утринава била страшна, а другарки на девојчињата кои успеале први да преминат на пешачкиот премин биле во шок.

Прашана што како училиште ќе бараат за дополнителна безбедност на учениците, Шалева со одговор дека ќе бараат да има позасилена сообраќајна контрола од страна на полицијата и, како што вели, да се додаде плус сигнализација на онаа што е веќе поставена.

МИА утрово информираше дека две девојчиња од СОУ „Коле Нехтенин“- Штип пред почетокот на првата смена, односно околу 7.30 на пешачкиот премин се прегазени од возило марка цитроен, со германски национални ознаки, управувано од 28 годишен штипјанец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две девојчиња од Штип прегазени на пешачки премин пред училиште

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарскиот бизнисмен Милен Врабевски финансира ново бугарско здружение во Битола, „Балкански мост“

Редакција

Ќе биде ли нов премиер на Бугарија, шоуменот и музичар Слави Трифонов?

Редакција

Мицкоски: Пратениците ме разочараа мене, партијата и татковината и затоа ќе бидат исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција