еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Цар Самоил преставен без никакви атрибути во новиот учебник по Историја и општество

Во новиот учебник по Историја и општество, кој предизвика лавина од реакции во јавноста и на социјалните мрежи, поради грешки и лоши преводи, за средновековниот македонски владетел Цар Самоил нема никаква историска референца и не му се даваат никакви атрибути, кој бил и зошто се споменува во учебникот, пренесува Слободен печат.

За него се пишува во делот насловен со „Археолошки локалитети во нашата земја“, а наведени се и Кокино, Хераклеја и Стоби.

– Самуиловата тврдина која се наоѓа во Охрид е една од најголемите средновековни тврдини во нашата земја. Најголемиот дел од ѕидовите и кулите датираат од времето на царот Самуил (10-11 век од н.е.), по кој оваа тврдина го добила и името.

Тврдината е археолошки локалитет кој сè уште претставува предизвик за археолозите и историчарите. Во близина на тврдината се наоѓа и амфитеатар во кој се одржува манифестацијата Охридско лето, пишува во учебникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Жално е колку распаднат образовниот систем, во секој поглед„: Твитер реакции за грешките и лошите преводи во учебникот по Историја и општество

(Фото) Македонија на исток граничи со Албанија, а на запад со Бугарија: Грешки и лоши преводи во новиот учебник по Историја и општество

Фото: Википедија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкава плата имал лани директорот на велешки „Димко Митрев“ и челеновите на Одборот на директори

Редакција

Заев: Рано ми е за пензија, не се враќам во Струмица

Редакција

Јанакиески донесен од затворот „Скопје“ на судењето за рушењето на „Космос“

Редакција