еМагазин
Image default
Македонија

Заев: Рано ми е за пензија, не се враќам во Струмица

Откако на 3 јануари ќе ја напушти премиерската функција, премиерот Зоран Заев во интервју за Македонската радио-телевизија (МРТВ) рече дека ќе биде во Скопје и не се враќа во Струмица.

„Освен што таму живеам, ќе работам на сите политички ангажмани, за да можам да го добијам новиот чист мандат, во којшто ќе се посветам дефинитивно, уште повеќе на економските прашања и на севкупните трансформации и реформи на подобро, во нашата земја,“ рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.

„Имам многу да работам, млад човек сум, не сум за пензија, владееја безмалку 12 години, 2 и пол години добив чест, и те како можам да сработам за мојата, за заедничката земја, која е и моја и на господинот Мицковски, ќе се потрудам да останам да ја вршам честа и одговорноста што ми ја даваат граѓаните, на еден чист мандат, на решени меѓународни проблеми, на интегрирана земја, да покажам економија“, рече Заев.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Словенија ќе го ратификува Протоколот за влез на Македонија во НАТО во вторник

Редакција

Денеска состанок на претседателството на ДУИ во партиското седиште

Редакција

(Видео+фото) Бугари во Скопје на панихида на Мара Бунева, Џамбаски порача дека Македонија била бугарска

Редакција