еМагазин
Image default
Македонија

Обвинителството побара раздвојување на постапката против Трајковски, кој повторно не дојде на судењето за „ТНТ“

Судијата Огнен Ставрев даде пауза од 15 минути на судењето во случајот „ТНТ” за уривањето на комплексот Космос на инвеститорот Фијат Цановски, со цел Судот да одлучи по барањето на Обвинителството за раздвојување на постапката, откако на денешното рочиште не се појави еден од обвинетите Тони Трајковски.

Ставрев, на почетокот рече дека денеска во 9 часот, пред почеток на денешното рочиште добил известување дека обвинетиот Тони Трајковски е хоспитализиран на Клиника за неврохирургија, за што до Судот ќе биде доставена и дополнителна документација.

Бранителот на Трајковски, адвокат Јовица Страшевски рече дека состојбата на неговиот клиент е многу лоша и дека тој е неконтактибилен и повраќа.

Адвокатот Мерџан Даути, побара постапката да не продолжува со денешниот состав.

– На Лилјана Ивановска Кочоска и престанува функцијата судија поротник. Би сакал да не се продолжува со овој состав, бидејќи ќе се направи суштествено прекршување на постапката, изјави Даути.

За судија поротник Марија Кондовска, исто така, посочи адвокатот Датути дека има доставено поднесок, за тоа што навршува 60 години и и престанува функцијата по сила на закон.

Обвинителот Бурим Рустеми рече дека функцијата судија поротник не престанува автоматски и оти смета дека може да се продолжи по барање.

– Во однос на новонастанатата ситуација сметам дека се исполнети услови за раздвојување на постапката за обвинетите Тони Трајковски и членовите на комисијата, со кои заедно ги сториле прекршувањата. Апсурдно би било да не се раздвои постапката и да се врати на почеток, кога истата се наоѓа во сосема крајна фаза и обвинетиот Миле Јанакиески веќе има дадено исказ пред Судот, рече Рустеми.

Адвокатот Дончо Наков бараше објаснување од сите судии зошто одеднаш оваа постапка се става во десетта брзина.

– Имам поднесок и барам да се каже зошто се одложени сите други судења и одеднаш само едно судење е битно, рече Наков.

Тој, исто така, реагираше дека не бил присутен само на едно рочиште за ова судење и бил казнет, додека судењето во две години било десет пати одложено поради Обвинителството или Судот и никој за тоа не е казнет.

Адвокатот Еленко Миланов рече дека оваа постапка не може да продолжи поради истек на мандат на судија поротник Лилјана Ивановска Кочоска.

– Мандатот за кој сте избрани е четири години. Вашиот мандат за жал истече на 24 декември 2019 година. Доколку се впушти во одлучување со тоа се изложува на опасност и нејзина е одлуката дали ќе одлучува и по истекот на мандатот, изјави Миланов.

Сметам дека раздвојувањето со правната формулација што ја имате во моментот не може да ја направите за мојот клиент Миле Јанакиески.

– Не може да има пресуда за поттикнување или помагање на дело без пресуда за сторителот, изјави Миланов.

Обвинетиот Миле Јанакиески рече дека ако само се бара неговата глава, нека се издвои постапката.

– Целта на судењето е да се дознае вистината. Ако Тони Трајковски, кој е оска на сите случувања се издвои, нема да се дознае вистината, рече Јанакиески.

Случајот го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми од ОЈО Куманово.

Во судница беа присутни и оштетените Фијат Цановски и Ардијан Амзоски.

За делото се обвинети повеќе лица, меѓу кои ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тони Трајковски не дојде на судењето за „Космос“ бидејќи бил нападнат: Судијата бара полицијата да го доведе

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството ги офрли кривичните против поранешниот директор на Финансиската полиција, Арафат Муареми

Редакција

(Видео) Цела снимка од инцидентот кај Скендербег

Редакција

Министерство за здравство: Сите тестирани денеска негативни на корона вирусот

Редакција