еМагазин
Image default
Бизнис

Цената на горивата останува иста, само бензинот „еуросупер БС-95“ поевтинува за половина денар

Малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,51 проценти, информираше Регулаторна комисија за енергетика и водени ресурси.

Цената на бензинот „еуросупер БС-95“, се намалува за половина денар литар и со тоа ќе изнесува 68 денари за литар.

Малопродажните цени на бензинот „еуросупер БС-98“, на дизелот и на екстра лесно масло не се менуваат.

„Еуросупер БС-98“ и оваа недела ќе се продава за 70 денари за литар, дизелот 60 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство изнесува 59,50 денари за литар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пад од 269 денари: Просечната плата изнесува 24.548 денари

Редакција

Просечната нето плата во август 25.127 денари

Редакција

Дигитализацијата е неопходен чекор за одржлив развој: „Тиквеш“ во соработка со водечки светски експерти отвора ново поглавје во лозарството

Редакција