еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Цената на становите „скокна“ за 12,4% во првиот квартал од годината

Цените на становите во првиот квартал годинава бележат раст од 12,4 проценти на годишно ниво, а на квартално за 2,9 проценти, покажуваат податоците на Народната банка (НБ).

Во првиот квартал лани беше регистрирано зголемување на цените на становите за 3,2 процента, во вториот за 4,1 процент, во третиот за 5,8 проценти, а во четвртиот за 11,2 процента.

Извештајот на НБ за монетарните движења во март годинава покажува дека кај одобрените станбени кредити на физички лица е забележан месечен раст од 1,5 проценти, при годишен раст од 15,8 проценти.

Од вкупно издадените 250 одобренија за градба во март годинава, 138 се наменети за објекти за високоградба.

Во периодот јануари – декември лани во базата на Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности се внесени 33.270 трансакции, од кои 25.010 продажби на недвижности во вредност од 914 милиони евра и 8.260 закупи на недвижен имот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за здравство распиша тендер за набавка на кондоми, лубриканти и ХИВ-тестови проценет на 42.000 евра

Редакција

“Гевгелиското бе, го знаеш, три напред, еднаш во затвор„: Твитер реакции за орото во Гевгелија

Редакција

Пуштена во сообраќај првата од четирите нови електролокомотиви

Редакција