еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Цената на становите во Скопје со раст од 12,9% во вториот квартал

Цените на становите во Скопје во вториот квартал годинава бележат раст од 1,6 проценти на квартално, а од 12,9 проценти на годишно ниво, објави денеска Народната банка.

Во првиот квартал годинава цените на становите забележаа раст од 18,8 проценти на годишно ниво, а од 1,3 отсто на квартално ниво.

Во првиот квартал лани недвижностите поскапеа за 12,4 отсто на годишно ниво, по што следеше раст, од 16,6 отсто во вториот квартал, од 21,2 отсто во третиот и од 20,6 проценти во четвртиот квартал.

Народната банка го подготвува индексот на цените на становите за територијата на Скопје, врз основа на податоци кои се однесуваат на огласите за продажба објавени од агенциите коишто се занимаваат со промет со недвижности.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Компанијата „ИНТ“ од Кочани ја доби наградата за претприемништво во земјите од Централна и Југоисточна Европа

Редакција

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Редакција

Османи: Секое одложување на ЕУ перспективите може да има сериозни регионални последици

Редакција