еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Цените на бензините и дизелот непроменети, поевтинува мазутот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука од денеска на полноќ да се намалат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44 проценти во однос на одлуката од 17 октомври 2022 година.

– Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизел (ДЕ V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,115 денари за килограм, додадоа од РКЕ.

Со денешната одлука цената на моторен бензин Еуросупер БС – 95 ќе биде 89 денари/литар, моторен бензин Еуросупер БС – 98 91,50 денари/литар, дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 103 денари/литар, масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,50 денари/литар и мазут М-1 НС 49,919 денари/килограм.

Оттаму додадоа дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

– Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,499 проценти, кај дизелот за 0,331 отсто, кај екстра лесното масло за 0,005 проценти и кај мазутот намалувањето е за 2,826 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,077 проценти, информираа од РКЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бобан Димоски именуван за член на Управниот одбор на Скопски пазар

Редакција

Се уште е рано да не се носат маски на отворено, за свадби и за концерти, вели Филипче

Редакција

Какви можности за работа имате во Германија доколку поседувате странско стручно образование

Редакција