еМагазин
Image default
Бизнис

Централна кооперативна банка со зголемена добивка во првото полугодие

Централна кооперативна банка во првото полугодие од 2023 година оствари добивка од 25,3 милиони денари, што е за 42% подобар финансиски резултат во однос на првото полугодие претходната 2022 година, соопшти Банката преку Македонската берза

-Паричните средства и парични еквиваленти се намалени за 12,5% и пониски од планот за 23,3%. Позицијата вложувања во хартии од вредност е незначително повисока во однос на крајот на  претходната година, и повисока од планот за 4,3%.

Позицијата останати побарувања е повисока во однос на крајот од минатата година за 14,7%, а поголема во однос на планот за 18,3%. Оваа позиција во Билансот на состојба е со висок износ како резултат на евидентираната авансна исплата на пензиите на крајот од месецот.

Позициите нематеријални средства бележи пад во однос на крајот на минатата година, кој се должи на континуираната амортизација на овие средства, додека кај позицијата недвижности и опрема е забележано незначително зголемување како резултат на набавка на деловна опрема во второто тримесечје од 2023 година.

Позицијата преземени средства бележи зголемување како резултат на преземено средство – деловен простор во Куманово кое не е предвидено во планот.

На 30 јуни 2023 година, билансната вредност на издадените конвертибилни обврзници бележи пад во однос на крајот на минатата година како резултат на исплатената камата во текот на март 2023 година. Вредноста на издадените конвертибилни обврзници е искажана во позицијата субординирани обврски, велат од таму.

Банката оствари повисоки вкупни приходи од камати за 9,5% во споредба со истиот период минатата година, посочуваат од таму.

-Притоа, Банката успева да го одржи стабилно портфолиото на постоечки кредити и да го задржи високиот квалитет на истото. Во услови на силна конкурентска борба во текот на годината и одржувањето на висока конкурентност кај продуктната понуда на Банката, забележан е повисок нето-каматен приход во однос на истот период претходната година од 7,6%.

Во месец јуни 2023 година, забележан е пораст на приходите од провизии за 9,6% во однос на истиот период минатата година и надминување на планот за 3,7%. Тој пораст придонесе кон пораст на позицијата нето-приходи од провизии и надомести  за 7,3%, во однос на истиот период претходната година, додека планот е надминат за  3%.

Позицијата трошоци за вработените бележи значителен пораст во однос на истиот период претходната година и во однос на планираниот за 3%.

Позицијата останати расходи од дејноста бележи пораст од 3,2% во однос на истиот период минатата година, додека во однос на планот, остварени се пониски останати расходи од дејноста за 8%.

Останатите приходи од дејноста се пониски од планираните за 36,8%, но се 51,6% повисоки во однос на првото полугодие од 2022 година.

До второто тримесечје од 2023 година реализирани се речиси повисоки нето–приходи од курсни разлики за 37% во однос на истиот период минатата година.

Расходите за амортизација се повисоки во однос на истиот период минатата година, но се на ниво на планираните, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Централна кооперативна банка лани со добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МРТ има 773 вработени

Редакција

Комерцијална банка ќе им одобри дозволено пречекорување на приматели на пензија и плата во Еуростандард банка

Редакција

Агенцијата за храна и ветеринарство уништила 280 килограми небезбеден сусам увезен од Индија

Редакција