Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, од вечерва е во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари поради страв од бегство.
Како што соопшти Основното јавно обвинителство, надлежен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднел Предлог за определување мерка притвор за М.Ч. согласно чл.165 ст.1 т.1 од Законот за кривична постапка.
– По добиени сознанија и поради страв дека обвинетиот ќе се даде во бегство и ќе се крие со цел да ја избегне кривичната одговорност, обвинителството побара од Основниот суд Скопје 1 – Скопје да му биде определена мерка притвор. Обвинетиот е дел од предметот што се води за настаните во Собранието од 27 април 2017 година, за кој главната расправа е завршена и е закажано рочиште за објавување на пресудата, се наведува во соопштението на Обвинителството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителство побара притвор за Митко Чавков поради можност за бегство
Фото: МВР/Фејсбук/Чавков