еМагазин
Image default
Македонија

Четири новозаразени и шест оздравени лица од коронавирусот во Кичево

Четири новозаразени со коронавирусот и шест лица оздравени во Кичево, покажуваат податоците на Министерството за здравство.

Вкупниот број на заразени со Ковид-19 во оваа општина достигна 223 лице, од кои 131 се активни, 83 се излекувани и девет лица се починати.

-Денеска кај нас имаме четворица новозаболени лица и сите се лекуваат во домашни услови под надзор на матичниот лекар и се разбира дека со во изолација.

За среќа, пак, имаме шест лица оздравени од коронавирусот, информира Д-р Џабир Бајрами, член на Општинскиот Кризен штаб во Кичево.

Тој упати апел до сите граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции.

МИА/Фото: Општина Кичево

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чаир, Аеродром и Карпош со најмногу активни случаи на Ковид-19

Охриѓанец почина од корона вирусот

Нови 139 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апелација му ја намали казната на Чавков за настаните од 27 април од 18 на 16 години

Редакција

Убава вест: 661 оздравени од Ковид-19

Редакција

Заев вели дека сите препораки за Законот за јазици од Венецијанска комисија ќе бидат прифатени

Редакција