Владимир Четкар ќе одржи бесплатен концерт на охридскиот плоштад кој на 11 јануари (сабота) во 13 часот ќе се одржи во рамките на програмата „Охрид ве очекува“ во организација на Општина Охрид.
Четкар на овој попладневен концерт ќе се претстави со својот џез, соул и фанк ансамбл во кој ќе настапат некој од најдобрите музичари на македонската сцена односно Ѓоле Максимовски – бас гитара, Сара Николовска и Ана Костадиновска – придружни вокали, Филип Стевановски-тромбон, Виктор Филиповски-тапани, Демир Кантуровски-труба, Игор Величковски- тенор саксофон, Ратко Даутовски – прекусии и Филип Димисковски – клавијатури.
Фото: Фејсбук/Четкар
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.