еМагазин
Image default
Забава

Владата организира Фестивал на храна и вино во Струмица во рамки на Отворен Балкан, во соработка со EXIT

Владата на 7 септември, во рамки на иницијативата Отворен Балкан, ќе организира регионален Фестивал на храна и вино во Струмица. Фестивалот ќе биде продолжение на Саемот на вино, храна и туризам што треба да се одржи од 1 – 4 септември во Белград.

Како што информира владината прес-служба, регионалниот Фестивал на храна и вино во Струмица се реализира во соработка со реномираната организација Егзит, во чија организација е и веќе најавениот музички хепенинг Get EXITed каде покрај богатата музичка програма, ќе биде понудена и специфична и интересна етно-гастрономска програма.

Фестивалот на храна и вино бесплатно ќе биде отворен за сите посетители и ќе се одржи во Градскиот парк во Струмица, а ќе ги понуди најдобрите регионални и локални винарии, регионални изложувачи на храна како и произведувачи на традиционални органски специјалитети од македонската кујна.

Присутни ќе бидат најдобрите готвачи од најпознатите струмички ресторани и учениците од Средното кулинарско училиште кои заедно ќе спремаат локални специјалитети.

Планирана е и попладневна програма со концерти кои ќе траат од 18:00 до 21:00 часот.

Ќе настапат култниот македонски бенд 21 Век, младата поп дива Дина Јашари, world music составот кој од Струмица го освои светот со едноставен трубачки звук, Џамбо Агушеви Оркестар, како и хип хоп ветераните и едни од најистакнатите имиња на македонската музичка сцена DJ Goce S.A.F и DJ Chvare.

На веќе најавениот музички хепенинг Get EXITed пак, ќе настапат едни од најпознатите имиња на регионалната и светската електронска музичка сцена Deborah De Luca и Mahmut Orhan.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија и годинава нема да учествува на Евровизија

Редакција

(Фото) Кајли Џенер го покажа деколтето „вредно“ над милијарда долари

Редакција

(Видео+фото) По подолга пауза, Кристина Арнаудова ја објави песната “Засекогаш“

Редакција