еМагазин
Македонија

Четворица лаборанти од Клиничката болница во Штип позитивни на Ковид-19

Четворица лаборанти од лабараторијата во Клиничка болница-Штип се заразени со коронавирусот.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев ја потврди информацијата за МИА и вели дека од вчера со заразените во изолација се и петмина нивни колеги од болничката лабараторија, бидејќи имале контакт со заразените.

– Во договор со Здравствениот дом „Панче Караѓозов“, лабораториските анализи за пациентите ќе се прават кај нив. Додека за пациентите кои се хоспитализирани на Инфективното одделение, но и на останaтите одделенија во болницата, ќе се прават во лабораторијата од страна на кадарот, кој не замина во изолација, рече Ѓеорѓијев.

Во моментов десет здравствени работници во Клиничка болница-Штип се позитивни на Ковид-19, од кои две лекарки, четири медицински сестри и четворица лаборанти.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Татко и син од Струмичко убиени во Швајцарија

Редакција

Црвенковски: Ако летово не добиеме датум за преговори, тоа ќе биде доказ за отсуство на лидерство и визија во ЕУ

Редакција

Заев по прославата на Мечкин Камен продолжува во Охрид и Грција- министрите од денеска на одмор

Редакција