еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Пресечен меѓународен транспорт на дрога во Охрид, пронајдени околу 100 килограми хашиш

Во текот на вчерашниот ден (25.10) Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во заедничка акција со полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции и СВР Охрид  пресече меѓународен транспорт на наркотична дрога – хашиш во количина од околу 100 килограми, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Имено, околу 12.20 часот, во непосредна близина на градските гробишта во Охрид полициски службеници запреле товарно возило – комбе „цитроен“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ч.Б.(53), државјанин на Р.Турција.

При извршен преглед на комбето, во задниот багажен простор, пронајдени се три големи картонски кутии и една полиетиленска торба во кои биле сместени 114 пакувања хашиш. Од страна на крим-техника е извршена обработка на возилото и подигнати се материјални докази, а Ч.Б. е лишен од слобода и приведен во СВР Охрид.

По преземени мерки и активности е утврдено дека Ч.Б. пред околу две недели со авион пристигнал од Истанбул во Приштина, пa во Република Северна Македонија и во Скопје остварил средба со неколку лица за да го изврши транспортот на дрогата од нашата земја во Република Турција.

По комплетирање на целосната документација против Ч.Б. ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Охрид, со цел определување мерка притвор.  Покрај ова, во текот на вчерашниот ден извршени се претреси на подрачјето на Скопје, при што се лишени од слобода уште две лица и одземени се предмети за понатамошна постапка, а во консултација со Јавен обвинител кривичната пријава ќе биде проширена.

Министерството за внатрешни работи успешно продолжува со борбата против сите видови криминал, вклучувајќи и спречување на недозволена трговија со наркотични дроги, за што сведочат и секојдневните случаи на заплена на дрога“, информираа од МВР.

Обвинителството предложи притвор за турскиот државјанин 

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, турски државјанин, за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Јавното обвинителство, осомничениот, на 25 октомври, во возилото Цитроен кое го управувал, неовластено заради продажба пренесувал наркотична дрога – хашиш во вкупна количина од околу 110 килограми, спакувана во 114 пакувања ставени во картонски кутии и торби во просторот за багаж. Дрогата требало да ја пренесе на непозната локација, а бил откриен и фатен на излезот од паркинг простор на магистралниот пат Ресен-Охрид.

За осомничениот Обвинителството до Основниот суд Охрид достави и предлог за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности кои што укажуваат на опасност од бегство, се наведува во соопштението.

Фото/видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повредените во несреќата во Бугарија се во стабилна состојба, еден денеска ќе биде опериран

Редакција

(Фото) Поставена првата паметна соларна клупа во Македонија

Редакција

На членовите на УО на Стопанска банка Скопје лани исплатени 29,7 милиони денари

Редакција