еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Читањето може да биде опасно добро“: Саемот на книга ќе се одржи од 8 до 14 септември кај Аквапаркот во Скопје

Овогодинешното издание на Саемот на книга ќе се одржи од 8 до 14 септември на отворено, непосредно до Аквапаркот во рамките на А1 Арената – СЦ Борис Трајковски во Скопје, информираат организаторите.

„Саемот на книга ќе се одвива според важечките владини протоколи, со почитување на сите донесени мерки. Искуството од минатата година покажа дека со почитување на мерките, Саемот за книга може да се одржи во добар ред и со одлична промоција на наслови.

Притоа, Скопје покажа дека Саемот на книга му е неопходен како еден вид духовна храна каде читателите може да ги изберат своите омилени парчиња“, се наведува во соопштението до јавноста.

Саемот на книга е поддржан од Министерството за култура, а овогодинешното мото е „безбедни саеми“. Работното време на саемот ќе биде од 10 до 20 часот, а на 14 септември тој ќе биде отворен во периодот од 10 до 17 часот.

Посетителите на Саемот на книга во Скопје ќе може да се запознаат со најновите изданија на книги од домашни и странски автори, како и со странска литература, стручна, научна и белетристичка литература и книги за млади и деца. Воедно, организаторите напоменуваат дека издавачите подготвуваат големи саемски попусти на нивните изданија за време на одржувањето на Саемот на книга.

Билетите за влез на Саемот на книга ќе бидат пуштени во продажба непосредно пред почеток на самиот настан и истите ќе може да се набават онлајн и на билетарите пред влезот на саемот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) 30 години дипломатски односи: Денови на Холандија во Ист Гејт Мол

Редакција

БРАВО! Урбан Бургер Бар за 3 дена подели 2.000 бесплатни оброци

Редакција

Забавувај се и донирај за СОС Детско село на Меѓународниот ден на семејството во Капитол мол

Редакција