еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Во тек е трансплантација на срце и бубрези од 42-годишна пациентка, чијашто последна желба била да ги донира органите

Министерството за здравство информира дека утрово, на клиниките за Кардиохиругија и Урологија започна трансплантација на срце и бубрези од починат донор.

„По интензивни подготовки во текот на ноќта, рано утрово беше завршена експлантацијата на срце и бубрези на 42-годишна пациентка, која ја загуби битката со животот, а нејзина последна желба беше да ги донира своите органи.

Трансплантацијата на срце се врши кај пациент кој подолго време е на листата за трансплантација, а бубрезите ќе бидат трансплантирани кај двајца пациенти на 40-на години кои се на дијализа,“ информираат од Министерство за здравство.

Почнувајќи од мај 2020 до сега извршени се експлантации од седум починати донори, а трансплантирани се пет срца, 12 бубрега, едно коскено ткиво.

„Министерот за здравство Венко Филипче, целиот медицински тим, Министерството за здравство изразуваат сочувство до семејството на 42 годишната пациентка и неизмерна благодарност за нивната хуманост и добрина,“ се додава во соопштението.

Фото: Фејсбук/Филипче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цветан Панделески: Компаниите на фамилијата Панделески работат законски

Редакција

Зошто ја сакаме јагодата?

Редакција

(Видео+фото) Заменик министерот во МВР, Буши престојувал во хотел во Истанбул, каде ноќевање е 20 илјади евра, објави албанската телевизија Ора њуз

Редакција