Дваесет и едногодишно момче е меѓу шестмината пациенти кои починаа од Ковид-19 во тетовската болница изминатите 24 часа.
Како што вели координатор во ковид центарот, Гзим Нуредини, од седум часот вчера до седум часот утрово, на болничко лекување се примени вкупно 17 лица, а деветмина се отпуштени од болничко лекување.
-Имаме починати шест лица од кои најмладиот е на 21 година. Бројот на вкупно хоспитализирани е 123 лица од кои една доза вакцина имаат само осум лица, а две дози само седум луѓе, информира Нуредини.
За преглед или контрола во амбулантата на ковид центарот помош за 24 часа побарале 188 луѓе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За една недела 134 починати од Ковид-19, најмногу во Скопје, Тетово и Гостивар
(Мапа) Најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители има во Гостивар
МИА/Фото: МИА