еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) 30 години дипломатски односи: Денови на Холандија во Ист Гејт Мол

По повод одбележувањето на триесетгодишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Холандија и Македонија, aмбасадорот на Холандија, Дирк Јан Коп и генералниот менаџер на Ист Гејт Мол, Игор Давков ги отворија Деновите на Холандија, фестивал на холандската култура, дизајн и храна кој се одржува во трговскиот центар и ќе трае до 30 април, информираат од таму.

Фестивалот започна со симболичното отворање на градината пред трговскиот центар каде беа засадени 400 садници кои се донација од холандската компанија Еуропеан плантс, а беше поставена и скулптура-велосипед изработена од средното уметничко училиште Лазар Личеноски и Факултетот за шумарство Ханс Ем, кој беше вклучен и во севкупниот дизајн на градината.

За време на викендот, на 22 и 23 април посетителите на трговскиот центар ќе имаат можност да ја откријат Холандија со сите свои сетила: традиционален пазар со холандска храна и пијалоци, саем на цвеќе и велосипеди и изложба, како и специјална виртуелна прошетка.

„Се надевам дека пријателството меѓу нашите две држави ќе расте како и градината што ја засадивме заедно“, истакна амбасадорот Коп во своето обраќање и им се заблагодари на спонзорите на настанот: Еуропеан плантс, Пивара Скопје, Унипласт, Антура и Рудине.

„Секоја земја во светот е уникатна по одредени обичаи, традиции, начин на живот, а овие денови Ист Гејт Мол е во знакот на Холандија, со автентична храна, цвеќе и велосипеди,“ рече генералниот менаџер Давков и ги покани граѓаните да го посетат центарот и да се придружат во одбележувањето на јубилејот.

Фото: Жарко Чулиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Турција до октомври нема да ја ратификува кандидатурата на Шведска за членство во НАТО

Редакција

(Видео) Бугарскиот пратеник Костадинов и од Скопје порача дека Македонија е втора бугарска држава

Редакција

(Галерија) Уникатно доживување во етно-ресторанот „Дедо Димо“ во срцето на Куратица

Редакција