еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) Уникатно доживување во етно-ресторанот „Дедо Димо“ во срцето на Куратица

Етно ресторанот „Дедо Димо“ е сместен во срцето на руралната средина село Куратица кое се наоѓа 20 километри североисточно од Охрид на 1.100 метри надморска височина, пишува на Фејсбук страната на ресторанот.

Пред се, при изградба на куќите се запазени автентичност на на градбата за ова поднебје (камен цигла и дрво), и е единствен ресторан во Куратица изграден според сите стандарди и „HACCP”.

Со простор од 130 метри квадратни и капацитет од 100 седишта вградена изолација подно греење, погоден за секаков вид прослави, семинари, свадби, крштевки, родендени, деловни состаноци, приватни забави и останати дружења.

“Во летниот период има отворена тераса, при што имате можност да уживате додека се подготвува традиционалната храна. Опкружен со живописната природа нуди традиционални јадења како што се домашен леб од фурна, ѓомлезе, петулици, домашни пити и други јадења подготвени со производи од домашно органско производство како и чаша домашно вино, ракија или сок.

Покрај храната и чистиот воздух, може да уживате во незаборавните прошетки до Плаќенска планина на 1.999 мнв (Сталев камен) каде ќе имате можност да ги погледнете двете најголеми природни езера Охридско и Преспанско, како и панорама на половина Македонија делови од Албанија и Грција, прошетка со магариња, пешачење итн.

Во етно ресторанот исто така ќе имате можност да ја слушните приказната за Дедо Димо“, велат од ресторанот.

фото: Фејсбук/„Дедо Димо“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„ЗСФ-КОМ“ на Фатмир Етеми повторно ја зголеми сопственоста во „Скопски пазар“

Редакција

Лажни се пријавите за бомби во скопските училишта

Редакција

Европска агенција за лекови: Да не се користи „ивермектин“ за лекување на Ковид-19

Редакција