еМагазин
Image default
Македонија

Членови на македонско-бугарската Историска комисија онлајн ќе разговараат за технички прашања

Претставници на бугарско-македонската Заедничка комисија за историски и образовни прашање денеска ќе одржат онлајн состанок на кој треба да ги прецизираат текстовите на записниците од претходните средби, кои сè уште не се потпишани.

На средбата ќе учествуваат по тројца претставници од двете страни.

Копретседавачот на комисијата од македонска страна, Драги Ѓоргиев за МИА потврди дека разговорите ќе бидат од техничка природа

Бугарски член на Комисијата за БГНЕС, пак, потврдил дека на денешните разговори нема да се дискутира за никакви историски прашања.

Во 2021 година се очекува Комисијата да има пет состаноци, од кои првиот треба да се одржи во февруари, но неговиот датум се уште не е договорен. Последниот, 11-ти состанок на Заедничката комисја се одржа на 4 декември.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Кој се е осомичен во “Рекет 2“

Редакција

Антикорупциска: Изминативе десет години направени 32 интервенции во Изборниот законик

Редакција

Пендаровски на прес-конференцијата со Мишел: Со пролонгирање на евроинтеграцијата се разнишува кредибилитетот на Европската Унија

Редакција