еМагазин
Image default
Македонија

Членови на СОНК побараа Неделков да објасни зошто штрајкот е ставен во мирување

Незадоволни членови од Синдикатот за образование наука и култура (СОНК) попладнево пред седиштето на синдикатот побараа претседателот на СОНК, Јаким Неделков да се обрати и да објасни зошто штрајкот е ставен во мирување.

– Денеска се ретерира без знаење на членството и се носи одлука за која членството не е информирано. Тука сме да изразиме револт. Ние сме базата, ние сме членството и должен е Неделков да дојде и да објасни зошто ја промени одлуката, порачаа насобраните членови на СОНК, кои бараат оставка од Неделков.

Посочуваат дека се дојдени спонтано и дека се чувствуваат изиграни од претседателот на синдикатот. Велат дека не им се важни процентите за зголемување на платите, туку колективните договори.

– Голем дел од членството ќе продолжи да ги бара своите права. Нас не ни се битни тие 18 отсто. Прва работа поради која тргнавме во штрајк е колективниот договор, кажаа тие.

Прашани дали ќе има утре настава, велат дека оние деца што ќе дојдат во училиште, нема да бидат вратени.

– Сите оние кои утре ќе дојдат во училиште, ќе бидат прифатени. Ние ќе бидеме во училиште, ако дојдат деца, ќе ги примиме. Ако треба ќе држиме и настава, порачаа дел од наставниците кои попладнево се собраа пред седиштето на СОНК.

Синдикатот на СОНК денеска го стави штрајкот во мирување по добиеното известување од Министерството за труд и социјална политика дека Министерството за образование и наука е подготвено преку мирно решавање на спорот да ги надмине разлките со СОНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Штрајкот ставен во мирување, учениците од утре на училиште

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комисијата за заразни болести предлага нова методологија за проценка и следење на епидемиолошкиот ризик од Ковид-19

Редакција

(Видео) Актерката Стојановска ослободена од обвинението за шверц на дрога

Редакција

Нови 408 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје

Редакција