еМагазин
Image default
Македонија

Комисијата за заразни болести предлага нова методологија за проценка и следење на епидемиолошкиот ризик од Ковид-19

Со зголемување на нивото на имунизирано население заради вакцини и прележана болест, поголем дел од инфекциите сега поминуваат асимптоматски или со благи симптоми, велат од Комисијата за заразни боелсти.

Затоа во последните недели фокусот околу Ковид-19 во светот се поместува од вкупни бројки на новооткриени случаи кон број на хоспитализации и оптовареност на здравствениот систем.

„Во овој контекст, Комисијата за заразни болести предлага прифаќање на нова методологија за проценка и следење на епидемиолошкиот ризик врз основа на следните индикатори: број на новооткриени случаи во последните 7 дена на 100.000 население, број на хоспитализации во последните 7 дена на 100.000 население и процент на исполнетост на здравствени капацитети во последните 7 дена.

Се предлага, според овие параметри, епидемиолошкиот ризик да биде класифициран како низок, среден или висок. За секоја од проценетите состојби се предвидува сет од мерки на индивидуално и општествено ниво.

На ваков начин сметаме дека според објективни показатели ќе може навремено да се проценува ризикот и да се реагира соодветно во двете насоки, и за олабавување и за заострување на мерките,“ велат од Комисијата.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ заверија на нотар изјави дека нема да прифатат промена на Уставот

Редакција

13 починати лица од Ковид-19, 11 имале коморбидитет

Редакција

Со многу неизвесности поради Ковид-19 почнува учебната година за учениците и студентите

Редакција