еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Cineplexx со нова локација, и во „Ист гејт мол“

Кино групацијата Cineplexx ја започна изградбата на својата втора локација во Скопје. Церемонијата се одржа во четвртокот, на 15 јули, во новиот трговски центар „Ист Гејт Мол“, каде што членот на Управниот одбор задолжен за развој на деловни активности на групацијата Cineplexx, Лукас Лангхамер и извршниот директор на „Скопје Ист гејт“, Игор Давков го потпишаа договорот за соработка.

Cineplexx започнува со градежните активности за мултиплекс кино, со површина од приближно 3.000 метри квадратни и повеќе од 1.000 места во осум сали, каде што посетителите ќе имаат можност да ја доживеат филмската магија преку најсовремената кино технологија, прикажувајќи домашни и меѓународни филмови, додека љубителите на филмот ќе уживаат во добро познатите високи стандарди за услуги на Cineplexx.

„Како лидер за иновации, ние сме посветени на нашите посетители да им го понудиме најдоброто кино искуство и сме многу горди што наскоро истото ќе биде достапно и на  нашата втора локација, која дополнително ќе го збогати културниот живиот во Скопје“, изјави Лангхамер.

Давков потенцираше дека многу се среќни што единствениот кино простор го отстапиле на реномираниот лидер на пазарот во Југоисточна Европа, Cineplexx, обезбедувајќи најсовремено уникатно кино искуство за посетителите.

„Киното ги збогатува забавните содржини во трговскиот центар „Ист гејт мол“ и уште повеќе ќе придонесе за збогатување на културниот живот во Скопје, особено имајќи предвид дека ова е првото кино што се отвора во овој дел од градот, “ изјави Давков.

Првото кино Cineplexx во Скопје, кое беше отворено во 2012 година, беше реализирано во соработка со групацијата Балфин.

„Особено го цениме нашето успешно партнерство со групацијата Балфин, со која веќе соработуваме повеќе од 10 години. Ние ги пречекуваме љубителите на филмот во Скопје од 2012 година и посебно во вакви периоди, кога нашиот социјален живот е ограничен, гледаме колку е важно одењето во кино – тоа е начин да се помине квалитетно време со пријателите и семејството, време за инспирација, образование и забава.

Горди сме што имаме толку софистицирани партнери за да им овозможиме на жителите на Скопје второ кино за комплетно доживување на филмската магија преку големото платно “, дополни Лангхамер.

Киното се очекува да биде отворено во четвртиот квартал од оваа година. Покрај најсовремената кинотехнологија, Cineplexx најавува и нова димензија на удобно седење преку нова ексклузивна ВИП сала со луксузни кожни седишта за извонреден комфорт и приватност.

„Нашите австриски стандарди за прикажување на проекциите, амбиент и удобност се веќе добро познати во Скопје и сметаме дека е наша обврска секогаш да обезбедуваме дополнителни иновации и високи услуги.

Посетителите на нашето ново кино во Скопје можат да го очекуваат најдоброто кино искуство,“ изјави Михаел Ретенбахер, раководител на техничкото одделение во Cineplexx.

Повеќе детали за проектот ќе бидат објавени во подоцнежната фаза од напредокот во градежништвото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) По “журките“ без маски, пазарниот инспекторат го затвори ноќниот клуб „Аватар“ од Струмица

Редакција

Грција и Македонија почнаа да добиваат гас преку Турски тек

Редакција

(Галерија) Имаат туристи за јавање на коњи на Галичник, нема превоз како да ги донесат до таму

Силвана Жежова