еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Credissimo е официјален член на Асоцијацијата на финансиски институции

Credissimo, како водечка компанија за брзи кредити во Северна Македонија, ја поддржа иницијативата за формирање Асоцијација на финансиски институции и стана еден од членовите на организацијата, која ги постави темелите на коректното работење во небанкарскиот финансиски сектор во Македонија.

Целите за формирање на оваа асоцијација се поставени во „Стандардот за добра пракса“ со цел обезбедување на повисоко ниво на заштита на потрошувачите.

Мисијата на Асоцијацијата е да промовира веродостојни, социјално одговорни и одржливи начини на кредитирање, кои клиентите и надзорните органи ги процениле за добри, како и да ги насочи своите членови кон фер и коректна практика за нивните клиенти.

Истовремено, ќе работи на промовирање на можностите што ги нудат небанкарскитетехнолошки финансиски решенија, кои се бенефит на индивидуално ниво, како и на општеството во целина.

„Огромна чест и задоволство е што успеавме да се докажеме како компанија чиј главен фокус е грижата за нашите клиенти. Тоа постојано се докажува со признанија за нашиот труд и работа.

Титулата „Најдобра услуга“, зa клиентска услуга број 1 во небанкарскиот финансиски сектор помеѓу компаниите за брзи кредити во Северна Македонија е само доказ за тоа, а веќе ја имаме и ознаката „Одговорен кредитор“ за полесно препознавање од страна на клиентите.

Членови сме на Асоцијацијата на финансиски институцииво која членуваат финасиските друштва кои се клиентски ориентирани, кои ги подржуваат принципите  и работат во согласност со нив, а кои се поставени согласно Стандардот за добра пракса.

Високиот квалитет на услугата за нашите клиенти и целосниот фокус на апсолутната транспарентност се водечката филозофија на нашата компанија. Во Бугарија веќе долги години сме лидери во онлајн-кредитирањето и клиентската услуга и таа практика ја следиме на сите пазари на кои е присутна нашата компанија“, изјави Георги Руков, директор на интернационалниот бизнис-развој на Credissimo.

Credissimo е финтек-групација од компании со над 10-годишна успешна историја, која е апсолутен лидер во онлајн кредитирањето во Бугарија, Полска и во Македонија, а од минатата година се развива успешно и во Колумбија.

Во текот на 2019 година, финтек-групацијата планира да ја задржи лидерската позиција на постојаните пазари, како и да продолжи да вклучува технолошки и новации во своите компании и процеси на работа.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По соборениот рекорд во гледаност, екипата на „Врба“ вечерва во Милениум има средба со публиката

Редакција

(Фото) Тактилни слики за лицата со оштетен вид во „Спомен куќата на Тодор Проески“: Затоа што Тоше е чувство

Редакција

Новогодишната кампања на Телеком нè поттикнува вистински да се поврземе

Редакција