еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Ватикан њус“ го додаде македонскиот јазик како 34-ти на својот портал

Точно еден месец пред официјалната посета на папата Франциск на земјава, закажана за 7. мај, Vaтican News го додаде македонскиот јазик на својата веб-страница како 34-ти јазик достапен на страниците на овој портал, наведе „Ватикан њус“ (Vatican News).

Католиците кои живеат во Република Северна Македонија на овој сајт ќе можат да најдат вести за папата Франциск, за Ватикан и за католичката црквa ширум светот на нивниот македонски јазик, како етнички Македонци кои живеат во дијаспората.

Порталот наведува дека во Северна Македонија живеат околу 20 илјади католици.

Во новиот сајт на македонски јазик на порталот ќе работат четворица Македонци, а ќе се грижи за пораките на папата, благодарение на договорот меѓу Одделот за комуникации (Vatican Dicastery for Communikation) и локалнaтa црква.

Скопскиот бискуп Киро Стојанов наведе дека присуството на „Ватикан њус“ е „првиот плод од апостолската посета на папата Франциск на 7 мај“.

Македонскиот јазик веќе беше присутен на веб-сајтот на Ватиканското радио, пред да премине во порталот „Ватикан њус“.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Државата се подготвува за историски настан: Централната миса на папата Франциск во Скопје, ќе се одржи на плоштадот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инфлуенсери: Нова маркетинг „алатка“ на компаниите

Редакција

„Врба“ на Манчевски е македонскиот кандидат за „Оскар“ за 2021 година

Редакција

НЛБ Банка, една година патронство над пациентите со цистична фиброза

Редакција