еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

„Врба“ на Манчевски е македонскиот кандидат за „Оскар“ за 2021 година

Филмот „Врба“ во режија на Милчо Манчевски е македонски национален кандидат за номинација за престижната награда „Оскар“, која ја доделува американската Академија за подвижни слики, уметност и наука, соопшти Друштвото на филмските работници на Македонија.

Во конкуренција за кандидатурата биле и филмовите: „Ефектот на среќата“ во режија на Борјан Зафировски, „Исчезнатиот“ во режија на Арбен Тачи, „Кеиф“ во режија на Блаже Дулев и „Незо“ во режија на Мерита Чочоли.

Во комисијата за избор на македонски кандидат за наградата „Оскар“ за најдобар долгометражен интернационален филм членуваа: Игор Иванов, режисер (претседател на комисијата), Дејан Лилиќ, актер, Тамара Котевска, режисер, Самир Љума, кинематографер, Мартин Иванов, монтажер, Иван Ѓоршев, мајстор на светло и Сања Арсовска, актерка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повторно сме му потребни на 25-годишниот Марко кој има рак на хранопроводникот

Редакција

Иван Туџаров префрли акции од Реплек на Никола Туџаров

Редакција

Скопјанец почина од Ковид-19, вкупно 722 го загубија животот од вирусот

Редакција