еМагазин
Image default
Локално

Црн ден за моторџиите во Охрид: Тешко повредени малолетник и момче

На 02.09.2019 во 11.50 часот на крстосница од улиците „Гоце Делчев“ и „Шар Планина“ во Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген џета“, управувано од А.Н.(56) од Охрид, со живеалиште во САД и мопед „кимко“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од К.Д.(29) од Охрид, информира МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил К.Д. кој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.

Истиот ден, во 15.30 часот на ул.„Питу Гули“ во Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од П.Т.(71) од Охрид и мопед „априлија“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 17 – годишник од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, кој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неколкумина тепале еден на улица „Џон Кенеди“

Редакција

Кривична пријава за шоферот кој возеше 13 мигранти во „Опел Астра“

Редакција

Работник пријавил физички напад од претпоставениот во фабрика во Кавадарци

Редакција