еМагазин
Image default
Локално

Црн ден за пешаците во Кавадарци: Повредени девојче и старец

На 01.09.2019 во 18.30 часот на ул.„9 Бригада“ во Кавадарци, патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Т.М.(19)од Кавадарци, удрило во девојче од Кавадарци, кое се здобило со повреди и било пренесено во болницата во Кавадарци, информира МВР.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

Истиот ден, во 18.40 часот на крстосницата од улиците „Страшо Пинџур“ и „Ило Костов“ во Кавадарци се случила сообраќајна незгода во која учествувале мотоцикл „џонвеј“, управуван од М.Г.(40) од Кавадарци, непознато возило, кое го напуштило местото, а притоа бил удрен пешакот Б.Ј.(89) од Кавадарци.

Со тешки телесни повреди се здобил пешакот, кој бил пренесен во болницата во Кавадарци. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и возачот и за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Невреме предизвика поплавување и штети во гостиварско

Редакција

Трагедија: Седумнаесетгодишно момче со возило усмрти пешак во Скопје

Редакција

Пожар во ресторан позади Катастар во Тафталиџе

Редакција