еМагазин
Image default
Локално

Црн ден за велосипедистите и пешаците: Тројца тешко повредени по удар од возила

На 18.07.2018 година околу 14,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на булевар “Партизански Одреди“ патничко моторно возило “Опел Астра“ со скопски регистерски таблици управувано од Г.Б.(61) од Скопје удрило во велосипед “Скот“ управуван од Б.Б.(36) од Скопје, информира МВР.

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот кој со истото возило, бил пренесен во Градската општа болница “8-ми Септември“ каде му била укажана лекарска помош. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Истиот ден во 18,20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата од булевар “Јане Сандански“ и улица “23-ти Октомври“ патничко моторно возило “Мерцедес“ со скопски регистерски таблици управувано од С.Ѓ.(70) од Скопје удрил во велосипед “РОГ“ управуван од А.Р.(27) од Скопје.

Од незгодата со тешки телесни повреди се задобил велосипедистот кој со возило бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Вчера во 15,40 часот, пак било пријавено дека на регионалниот пат село Јажинце-Тетово кај село Одри патничко моторно возило “ОпелАстра“ со тетовски регистерски таблици управувано од А.А.(20) од село Јажинце удрило во пешак А.А.(60) од село Одри.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар во Тетово, но поради сериозноста на повредите бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шесторица скопјани се степале поради недоразбирање за пат до нивните куќи

Редакција

Мала плантажа со марихуана откриена под мост во близина на Блаце

Редакција

Приведени две лица од Неготино поради напад на полицајци

Редакција