На 31.12.2018 година околу 20,00 часот во Скопје на улица „Македонска Косовска Бригада“ С.С.(36) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Ланчиа“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешаците В.С.(27) и едногодишно дете од Скопје и 6 годишно дете од Косово, информира МВР.
На повредените медицинска помош им е укажана во Комплекс клиники “Мајка Тереза”. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.
Истиот ден околу 13,00 часот во Тетово на улица „Никола Тесла“, Ф.В.(31) од Тетово управувајќи патничко моторно возило „Сеат кордоба“ со тетовски регистарски ознаки удрил во пешакот А.А. од Тетово.
А.А. се здобила со тешки телесни повреди и по укажана лекарска помош во Клиничка болница Тетово е пренесена во Комплекс клиники “Мајка Тереза”. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.
На 31.12.2018 година во 11,10 часот во Скопје на крстосницата на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ и улица „Борис Кидрич“, Г.Р.(52) од Скопје управувајќи автобус со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот Л.К.(64) од Скопје.
Во незгодата Л.К. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплекс клиники “Мајка Тереза”. Извршен е увид на местото на настанот.