еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Д-р Даниловски со радикален предлог: Директно изложување на омикрон на вакцинираните или прележаните под 50 години за побрзо справување со новата мутација

Епидемиплогот, проф. д-р Драган Даниловски за Нова Македонија вели дека се потребни директни контати со вирусот на оние под 50 години, кои немаат хронични болести, а прележале Ковид-19 и имаат примено две дози или бустер доза.

Тоа според него е еден од методите кој може да доведе до побрзо справување на новата мутација омикрон, како и до надминување на пандемијата.

Даниловски вели дека можеби ова е радикален пристап, но предупредува дека ако веќе еднаш организмот научил како да се бори, тогаш тоа ќе го прави и со со мутации кои не предизвикуваат тешка клиничка слика

Но, ако се покаже дека омикрон навистина предизвикува полесна клиничка слика или макар иста како делта, Даниловски препорачува дека секој што е помлад од 50 години и прележал ковид два пати, прележал еднаш и примил една доза вакцина на „Фајзер“ (или дури две) или две дози „Спутник“ или „АстраЗенека“, прележал еднаш и примил две дози кинеска вакцина („Синофарм“ или „Синовак“), не прележал, но примил три дози вакцина треба слободно да се изложува на вирусот!

– Радикално звучи? Само на прв поглед! Еве зошто. Затоа што во сите горни случаи, имунолошкиот систем на организмот има стекнато „знаења“, тој научил како да се спротивстави не само на повторена инфекција со актуелниот делта, туку и со омикрон и било која друга идна варијанта на вирусот!

Оттаму, секоја идна средба (инфекција) со вирусот ќе претставува сѐ поголемо зацврстување на имунитетот, што значи дека за тие поединци короната е завршена приказна! Ова значи дека т.н. бустер-дози на вакцини воопшто нема да бидат потребни!, објаснува епидемиологот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Проф. Трајковски најавува зголем број на случаи во февруари, кога сојот омикрон може да стане доминантен во Македонија

Од „Фајзер“ тврдат дека нивната бустер доза против Ковид-19 обезбедува заштита од Омикрон

Преносливост, тежина на болеста, ефикасност на вакцините: Што досега знаеме за новиот сој на Ковид-19, Омикрон

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Времето се менува, следува период на дождови и голем пад на температурите

Редакција

Граѓани бараат смртна казна за убијците на Вања

Редакција

(Галерија) Емотивна приказна за познатите актери од филмот „Исправи се Делфина“: Неда Арнериќ и Диме Илиев по 20 години се сретнаа во Битола

Редакција