еМагазин
Image default
Балкан

Порно-видео ја заврши кариерата на босанскиот политичар Иван Бегиќ

Поради порно-видео кое се појави во јавноста и кружи на социјалните мрежи, босанскиот политичар Иван Бегиќ, пратеник на ПДП во градското собрание на Бања Лука, ја напушти партијата и го врати пратеничкиот мандат.

Видеото како што пренесуваат босанските медиуми, било испратено и до нив, но сите одбиле да го објават.

Тој на Фејсбук напиша дека по повеќемесечни уцени, психичко малтретирање и закани, неговото приватно видео е објавено преку странски бази од страна на неговите политички опоненти, кои го шират и на социјалните мрежи.

Објасни дека за да не го објават му барале и половина милион марки, а поради притисоците и заканите неговата здравствена состојба е влошена и во моментот е кај психијатар, зошто не се чувствува добро.

Видеото им било испратено на неговите пријатели, но и на неговите родители, чие здравје е сериозно нарушено.

Бегиќ негираше дека видеото има некаква врска со неговите соработници или некој од јавниот живот.

Фото: Фејсбук/Бегиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На грчките острови Санторини, Миконос и Милос речиси пет од десет тестирани за Ковид-19 се позитивни

Редакција

Црна Гора ја доби првата малцинска влада, ќе ја води Дритан Абазовиќ

Редакција

Цемент и ималин во фалсификувани лекови на српскиот пазар

Редакција