еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Д-р Пановски: Мајмунските сипаници не заслужуваат внимание, за разлика од вариола вера не предизвикуваат смрт

Од социолошки аспект мислам дека треба да се пополни просторот што медиумите го имаа со ковид, тие се навикнаа на тоа. Инаку мајмунските сипаници не заслужуваат никакво внимание, освен научно-истражувачко и епидемиолошко значење, вели за Утрински брифинг, Д-р Никола Пановски.

-Мајмунските сипаници се покс сипаници. Тоа се кога излегува меурче. Ова со децении трае. Стручен назив е вариола вера, но Англичаните го викаат смол покс. Нашите новинари, а понекогаш и стручните лица го преведуваат како мали сипаници. Кај нас малите сипаници најчесто ги викаме морбили, додека смол покс и ние и Србите, Хрватите, Русите ги викаме големи сипаници, појаснува Пановски.

Низ годините имало појава на спорадични случаи на мајмунски сипаници, но вакцините за мали сипаници, пружаат голема заштита од оваа болест.

– Пред некој ден слушав дека СЗО вели ако сте вакцинирани од мали сипаници, 85% ќе бидете заштитени од мајмунски сипаници. Кога би било тоа вистина, би било одлично, бидејќи од мајмунски сипаници се сите вакцинирани, додека од вариола вера кои се големи сипаници, вакцинирани се оние кои се постари од 51 година. Значи Југословените два пати, а останатите во светот еднаш.

Сите останати не се вакцинирани. Манки покс за првпат е изолиран во 1958 во Копенхаген. Слична покс сипаница е варичелата, што ние ја викаме овчи сипаници, а врска нема со овци. Во иста фамилија спаѓаат вариола вера, мајмунски сипаници и вакциниа. Вакциниа е болест на кравите од која се разболуваат луѓето. Фамата се крена, бидејќи во последниот месец се појавија стотина случаи.

Но, за разлика од вариола вера, мајмунските сипаници не предизвикуваат смрт, вели Пановски и објасни дека меурчињата се опасни само ако се инфицираат од бактерии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку „мајмунските сипаници“ се опасни по здравјето: Кои се симптомите и како се пренесуваат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По две недели, почина пациентот кај кого беше извршена четвртата трансплантација на срце во Македонија

Редакција

Нови седум смртни случаи од компликации од грип

Редакција

Хелсиншки комитет: Пропустите на гостиварското училиште да не се прикриваат со повторна дискриминација на Ембла

Редакција