еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Наставникот од Струмица обвинет за полов напад врз дете во притвор, разрешен директорот на училиштето

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов го разреши директорот на училиштето од Струмица од кое наставник е осомничен за полов напад врз дете, а Основниот суд во Струмица на барање на ОЈО Струмица му одреди мерка притвор на наставникот во траење од 30 денови.

Костадинов ја објави одлуката на својот Фејсбук-профил каде напиша дека е згрозен од наставникот во струмичко училиште кој недолично се однесувал со малолетна ученичка во истото училиште, а за кое СВР Струмица поднесе кривична пријава поради сомнение за полов напад врз дете

-Секое злодело врз дете мора да се казни, но и луѓето на раководни позиции треба да понесат одговорност за кривичното дело на вработените. Без двоумење, а со силна желба за ред, дисциплина и одговорност додека сум јас градоначалник, денеска го потпишав решението за разрешување на директорот во училиштето.

Ова нека биде опомена за сите. Најстроги казни за сторителите на кривични дела и разрешување на нивните раководители, напиша градоначалникот Костадинов.

Од Основното јавно обвинителство во Струмица денеска соопштија дека донеле наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишник осомничен за кривично дело-полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик, за кое е предвидена казна затвор од најмалку 12 години.

-Осомничениот, наставник во основно училиште во струмичко, во периодот од октомври 2020 година до мај 2022 година, преку социјална мрежа испраќал пораки со експлицитна сексуална содржина на ученичка која немала наполнето 14 години.

Искористувајќи прилика кога останале сами во спортската сала на училиштето, тој во два наврати извршил и други полови дејствија, допирајќи ја и бакнувајќи ја оштетената, стои во соопштението на ОЈО Струмица.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица доставил предлог за определување мерка притвор, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство, да влијае врз сведоци или да го повтори делото. Судијата го прифатил предлогот и на осомничениот му определил притвор во траење од 30 дена. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наставник од Струмица осомничен за полов напад врз дете

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Лукоил“ го доби тендерот на Управата за заштита на културното наследство за набавка на горива вреден 30.000 евра

Редакција

Присуството на бугарскиот конзул за време на увидот во „Ванчо Михајлов“, Комисијата за заштита од дискриминација го доживува како обид за влијание

Редакција

(Фото) Продолжи отстранувањето на нелегалните тераси во Дебар Маало

Редакција