еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Наставник од Струмица осомничен за полов напад врз дете

СВР Струмица до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 40-годишен наставник од Струмица осомничен за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години”, казниво по член 188 од Кривичниот законик.

Пријавениот, наставник во основно училиште во Струмичко, соопштија денеска од МВР, е осомничен дека во периодот од октомври 2020 до април 2022 година преку социјална мрежа Фејсбук праќал пораки на малолетна ученичка во училиштето, со кои сакал да ја наведе на сексуален однос, а во два наврати и ја допирал по телото.

– На 20.05.2022, таткото на девојчето го пријавил случајот во полициска станица и приложил докази, по што биле преземени мерки и наставникот на 21.05.2022 бил лишен од слобода во Куманово, а подоцна бил спроведен во СВР Струмица и со него бил извршен службен разговор, се вели во соопштението од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕУОбсервер: Доведен во прашање слободниот визен режим на Западен Балкан со ЕУ

Редакција

Активни пожари во Буковиќ, Раовиќ, Горно Мелничани, Ракле, Никодин и Топлица

Редакција

Арсовска не е повеќе претседател на ЗЕЛС, на нејзино место e избран градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски

Редакција